Анчелоти е бесен: За два месеци се гради куќа, ние не можеме да ги средиме соблекувалните

Карло Анчелоти реагираше, и тоа со многу лутина на бавното темпо на реконструкција на „Сан Паоло“, стадион и дом на Наполи, а критики претходно имаше и од сопственикот на клубот Аурелио де Лаурентис.

„Два месеци ни ветуваат дека сè ќе биде средено, а соблекувалните не личат на ништо. Прашувам каде ќе се соблекуваат играчите за дуелите со Сампдорија и Ливерпул. На гости ни доаѓа европскиот првак, а ние сме неподготвени со реконструкција што трае вечно. Па за два месеци ќе изградите куќа, а не да реновирате соблекувални“, изјави Анчелоти.

Наполи ги играше стартните два меча во Серија А на гостински терен, што требаше да им овозможи на фирмите кои работат на реконструкцијата да ги завршат работите до 14 септември, кога Сампдорија ќе биде прв гостин сезонава на „Сан Паоло“, но очигледно според реакцијата на популарнито Дон Карло, се доцни со работите.

На 17 септември Наполи ќе му биде домаќин на европскиот првак Ливерпул во премиерниот меч за двете екипи во фазата по групи во новата сезона на Лигата на шампионите.

 

- Оглас -

Најнови вести