Напаѓачот на Манчестер сити, Габриел Жезус, пред некој ден ја покажа својата нова девојка Фернанда Киреирош, а тоа изненади многумина кои добро го познаваат и знаат дека тој ретко објавува фотографии со девојки.
Причината што 22-годишниот Габриел ретко се слика и се бакнува со девојки, а не смее ниту да пуши или излегува во ноќни клубови, е во тврдиот став на неговата мајка Вера. Жезус има и една тетоважа посветена на неговата мајка.
„Не смее да има страсни бакнежи во јавност. Девојките може да дојдат на гости само во специјални прилики. Не можам да прифатам син ми да не почитува нечија ќерка и да ѝ направи дете. Јас поминав низ тоа, знам како е“, рече Вера, чиј сопруг одамна ја напуштил, па таа сама го одгледала фудбалерот.
Штом Габриел доби дозвола да се слика со Фернанда, изгледа работата е сериозна.