Барди го размрда Леванте – Реал сепак не дозволи од готово вересија

Енис Барди влезе како резерва за Леванте на „Сантијаго Бернабеу“ против Реал Мадрид, ги размрда редовите на гостите, а во ефикасен меч гигантот сепак славеше со 3:2.

Но, потпуларните „кралеви“ стравуваа за победата до самиот финиш, откако си дозволија луксуз да примат два гола по предноста од 3:0 по првиот дел.

Домаќините одиграа блескаво прво полувреме, но потоа беа надиграни од Леванте. Со головите на Карим Бензема, кој двапати погоди и на Каземиро, Реал водеше со 3:0, а играта им беше доминанта.

На почетокот на вториот дел Борха Мајорал, намали на 1:3, а потоа во игра влезе и Барди. Во 75. минута Мелеро намали на 2:3, а гостите до крајот на мечот беа во игра за чудо и освојување на бод, по катастрофалното прво полувреме во кое не шутнаа на гол.

Сепак Реал не дозволи сензационален пресврт и славеше со 3:2 за скока на втората позиција со 8 бода по 4 одиграни натпревари.

Леванте со две победи и два порази има шест бода на петтата позиција.

- Оглас -

Најнови вести