Реал Сосиедад му го зеде скалпот на Атлетико Мадрид со сигурни 2-0 во мечот од четвртото коло во Ла Лига. Баскискиот состав стави крај на победничката низа на Јорганџиите намесувајќи им го првиот овосезонски пораз, а воедно успеаја да ја сочуваат мрежата против сè уште лидерот во шпанското првенство.
Сосиедад се избори за посакуваните три бода преку позајмениот играч на градскиот ривал на Атлетико, Мартин Одегард во 58-та минута, додека Монреал само три минути подоцна зголеми и ги постави конечни 2-0.
https://twitter.com/santigabri14/status/1172931479279669255