За само две минути Еспањол со два гола успеа да направи пресврт против Еибар, победи со 2:1 и го забележа првиот триумф сезонава во Ла Лига.
Во дуелот на две екипи кои беа без триумф, гостите подобро се снајдоа, а сите голови „паднаа“ во второто полувреме.
Поведе Еибар со голот на Рамис во 55. минута, но потоа Еспањол доминираше и офанзивата ја преточи во пресврт и победа.
Фереира израмни во 76. минута, а само 120 секунди подоцна и Гранеро беше прецизен за успех и победа од 2:1 за гостите од Барселона.
Ова е прва победа за Еспањол како гостин кај Еибар по цели четири години.