Шалке 04 како гостин го декласираше Падерборн со 5-1 и освои три бода со кои се искачи на шесто место на бундеслигашката табела. Падерборн поведе со 1-0 со гол на Оливеира Соуса, кој славеше роденден, но со тоа само ги мотивираше гостите од Гелзенкирхен. Падерборн е тим кој има само еден бод во четири кола и како што тргнал, изгледа ќе се бори за опстанок.
Голот кој го постигна Салиф Сане беше илјадити за Шалке на гостувањата во нивната клупска историја. Интересно е што Падерборн на сите мечеви дава гол во првите 15 минути од средбите, но засега тоа е џабе бидејќи не успева да ја задржи предноста.
Во Италија, Рома одигра фуриозно прво полувреме, по коешто водеше со 4-0 против Сасуоло и сите четири голови ги постигнаа различни фудбалери. Но, „волчицата“ престана да „гризе“ во вториот дел, па гостите ја преполовија негативата и се изборија за чесен пораз. За Рома, ова е прва победа сезонава по двете ремија на стартот, а Сасуоло уште нема нерешен резултат.
Ова е дебитантскиот гол на Ерменецот Мхитарјан во дресот на Рома:
MKHITARYAN MAKES IT 3-0!
A debut goal for the Armenian!
https://t.co/AarHaV3tsW— RomaPress (@ASRomaPress) September 15, 2019