Македонските одбојкари веруваат во триумф, но квотите во обложувалниците велат нешто друго

Најдобрите македонски одбојкaри по слободниот ден, сега се со мисла дека вечерва против Белорусија од 20.30 часот може да ја забележат првата победа на европските првенства. Против Финска земаа сет и беа блиску до изненадување, со Турција не покажаа сè што знаат, а против Русите и еден освоен сет ќе беше успех.

Денеска ривал ни е Белорусија, која се врати од негатива од 0-2 во сетови против Финска, 20-23 во третиот, па направи огромен пресврт, со што се израдуваа на првиот триумф. Математички, Македонија уште има теоретска шанса да се најде во осминафиналето, но во мислите е победата над Белорусите.

„Додека постои математика, јас размислувам за осминафинале. Таков е мојот карактер, сакам да победувам и верувам дека можеме да победиме. Во некои периоди на ова ЕП одигравме на ниво коешто е доволно за да славиме против Белорусија. Посакувам да ја повториме таа квалитетна игра и убеден сум дека ако го направиме тоа, можеме да победиме“, позитивно е настроен капитенот Никола Ѓорѓиев.

Белорусија е висока репрезентација, има играчи од 207 и 211 сантиметри. Досега сме немале пресметка со нив, иако лани и тие беа учесници на завршниот турнир на „Сребрената европска лига“ во Скопје. Во обложувалниците Sport Life, квотата за победа на Македонија е дури 5.30, а можете да се обложите и на исходот од првиот сет, колку поени ќе има, на хендикеп поени, итн.

- Оглас -

Најнови вести