Кристијано Роналдо се расплака среде интервју (Видео)

Откако на Кристијано Роналдо во текот на едно телевизиско интервју му беше покажана изјава од неговиот покоен татко како го фали португалскиот фудбалер, суперѕвездата многу емотивно го проследи тоа, праша од каде им е таа снимка која ја немал видено и почна да плаче.

„Од каде ви е оваа снимка? Не знам каде сте ја нашле, но морам да ја имам и да му ја покажам на моето семејство. Не го познавав добро мојот татко. Тој беше алкохоличар и никогаш не разговаравме нормално. Се чувствувам ужасно што тој не ги доживеа моите успеси и што не дочека да ме види со сите тие трофеи кои ги освоив. Мајка ми, браќата, дури и најстариот син видоа, но тој не. Ме затекнавте. Очекував забавно, опуштено интервју, се извинувам“, рече Роналдо.

Жозе Динис Авеиро почина во 2005 година од проблеми со црниот дроб, кога Кристијано имаше 20 години и уште ја немаше почнато серијата на освоени лични и клупски трофеи.

https://twitter.com/i/status/1173466139302813698

- Оглас -

Најнови вести