Фјури го крпеа со 47 копчиња, па отиде на пиво

Британскиот боксер Тајсон Фјури по победата над Ото Валин од Шведска на борбата во Лас Вегас, имаше две повреди над десното око, а откако тоа беше санирано дури so 47 копчиња, тој заминал во казино.

„Отидов во болница, ме сошија и заминав дома да спијам. Кога се разбудив, заминав во казино, освоив 5.000 фунти, испив неколку пива, а сега ќе испијам уште неколку“, рече Фјури.

Повредата на окото не е толку тешка за Фјури да побара одложување на борбата со Дионте Вајлдер закажана за 22 февруари во Њујорк. Нивниот прв меч во декември во Лос Анџелес заврши нерешено.

„Подготвен сум за да влезам во војна. Мислам дека имам повеќе од 40 шевови над окото. Но, добар сум, тоа е бокс. Не може да одите на пливање и да останете суви“ – додава Британецот кој уште нема пораз во кариерата, но доби многу критики по дуелот со не толку квалитетниот Валин и дека ако имал посилен ривал, сигурно ќе загубел.

- Оглас -

Најнови вести