Ден за историја на македонската одбојка. Прва победа на Европско првенство. Триумф над Белорусија со 3:1, иако првиот сет го доби противникот. Во вториот и третиот сет се водеше голема борба, која ја добија нашите одбојкари, а потоа следуваше шоу во четвртиот сет.
Капитенот Никола Ѓоргиев беше вистински предводник на тимот. Ѓоргиев на крајот имаше феноменални 37 поени и покажа дека е вистински лидер на теренот.
„Многу сум среќен. Ова е историја. Најважен меч за македонската одбојка. Ние имаме сила, имаме срце. Величествено. Срце планина на сите момци. Три бода. Утре дај Боже втора победа! Мислам дека утре ќе играме одлично. Со Словенија секогаш сме играле одлично. Ќе биде одлична атмосфера и ќе биде интересно“, рече Ѓоргиев по завршување на историскиот меч.
„Ова е голема победа. Дојдовме за ова. Сите сме пресреќни. Одигравме феноменален меч. Утрешниот меч ќе биде многу тежок меч. Словенија е фаворит. Останува да се одмориме“, додаде Андонов по средбата.