Бугарската кобра е оптимист: Ќе бидам светски првак

Бугарскиот боксер Кубрат Пулев на 7 декември ќе оди во Саудиска Арабија за да го гледа во живо дуелот помеѓу Енди Руис и Ентони Џошуа за три од светските титули во бокс во тешка категорија, а потоа најавува дека ќе го предизвика тој што ќе биде поуспешен, па и ќе го совлада.

Популарниот Кобра на 9 ноември ќе има меч во Калифорнија, но засега не го открива името на противникот.

„Имам борба на 9 ноември во Калифорнија, а потоа го чекам победникот од реваншот на Руис и Џошуа. Подготвен сум за големиот меч и подготвен сум да станам светски шампион. Во блиска иднина луѓето ќе видат дека новиот светски првак ќе биде Кубрат Пулев“, најавува оптимистички Пулев, кој пред неколку месеци беше во центарот на вниманието откако по интервју, бакна во уста една новинарка, па на суд докажуваше дека не е виновен за сексуално малтретирање.

„Ќе ги гледам Џошуа и Руис. Ќе биде интересно, мислам дека Руис може повторно да го победи Џошуа, но шансите се 50-50. За публиката поинтересно би било да имам дуел со Џошуа бидејќи тој е силен и голем маж. Тоа би било шоу за гледачите“, додава Пулев.

 

- Оглас -

Најнови вести