Адеми командуваше, Динамо ја сопре црната серија: Одигравме маестрален меч

Динамо Загреб одигра одличен меч против Аталанта, ги победи гостите од Бергамо со 4:0, а еден од најдобрите на теренот беше капитенот на тимот и македонски репрезентативец Аријан Адеми.

Во 42-рата минута мудро, со глава како на тацна го послужи тројниот стрелец Мислав Оршиќ, а Динамо веќе во тој момент со предност од 3:0 стави печат на победата.

„Одигравме брилијантен меч. Не е лесно да се победи една од најдобрите екипи во Италија со 4:0. Ќе прославиме набрзина, па мора да се подготвуваме за следниот меч во недела“, изјави Адеми.

Македонскиот репрезентативец имаше многу проблеми во минатото, но сега во континуитет игра извонредно и е еден од најдобрите во составот на хрватскиот првак, кој е пријатно освежување во европските купови.

Лани презимија во Европа речиси по половина век, а стигнаа до осминафиналето во Лигата на Европа. Ги елиминираше Бенфика дури по продолженија, а и годинава одлично почнаа во Лигата на шампионите, со победа од 4:0 против Аталанта. Со триумфот Динамо ја сопре серијата од 11 порази во Лигата на шампионите и најави дека ќе бие битка за пласман понатаму во конкуренција со Манчестер сити, Шахтар и Аталанта.

 

- Оглас -

Најнови вести