Македонската одбојкарска репрезентација по настапот на своето историско прво Европско првенство, се вратија дома.
Нашите одбојкари на ЕП остварија две победи, против Белорусија и домаќинот Словенија, но за малку не се пласираа во осминафиналето.
„Благодариме луѓе, благодариме Македонија. Дојдовме, видовме научивме. До следното лето“, беше пораката на капитенот Никола Ѓорѓиев на социјалните мрежи.
Од Одбојкарската федерација на Македонија се оптимисти за иднината на нашата одбојка.
„Може да се тагува, но не премногу и не предолго. Следните квалификации се во август, а следното Европско за две години. Оваа генерација може уште еднаш да биде на континенталниот собир, а тогаш нема да се зборува за прв поен, прв сет или прва победа. Тогаш ќе зборуваме за прво осминафинале“, стои на официјалниот фејсбук-профил на ОФМ.
Репрезентацијата беше пречекана од фанови, но и од оркестарот Џамбо Агушеви, кој им ја отсвири „Бисер балкански“.