Селфито со Мбапе го чинеше 1.500 евра (Видео)

Еден навивач на Пари Сен Жермен е казнет со 1.500 евра поради тоа што втрча на теренот за време на дуелот на Светците против Тулуз. Гледачот кој го прекина дуелот имаше една цел. Да се фотографира со својот идол Килјан Мбапе.

Поради овој свој потег, навивачот заврши на суд, каде што доби казна од 1.500 евра и забрана од шест месеци за одење на стадион. Во Франција сè почести се испадите на фановите кои втрчуваат во терен, но сега законот вели дека тоа може да ги чини парчна казна од 15.000 евра и едногодишна затворска казна.

 

- Оглас -

Најнови вести