Еден од најдобрите стрелци во катарското првенство Багдад Бунеџах одигра неверојатно добро и со асистенција со ножички му отвори шанса на соиграчот од Ал Сад, Афиф да постигне гол, но овој му го расипа извонредниот потег и ја „рогна“ топката во облаци.
Ал Сад од клупата го предводи легендарниот играч на Барселона, Чави, а неговите избраници го победија Ум Салам со 2:1.
Афиф се извади за рогањето со гол во 19. минута, а интересно е што стрелец на вториот гол за Ал Сад беше Бунеџах.
Погледнете ги ножичките на Багдад и утката на Афиф.
https://twitter.com/DZfoot_EN/status/1175056694562447360?s=20