Болт ги одбра тројцата фудбалери кои би ги земал за да трчаат во штафета

Светскиот рекордер на 100 и 200 метри, Јусејн Болт, по завршувањето на атлетската кариера, имаше кратка авантура во фудбалот. Болт сакаше да стане професионален фудбалер, но откако не успеа да се наметне во некој познат клуб, реши дека треба да се откаже од неговата намера.

Болт знае дека и меѓу фудбалерите има многу брзи луѓе, кои едноставно би биле и одлични спринтери, па тој реши да состави тим со кои би трчал доколку му се потребни уште тројца за штафета на 4Х100.

„Нема размисливање. Во мојот тим на штафета 4Х100 би ги повикал Мбапе, Роналдо и Бејл“, рече Болт, кој на 100 метри има истрчано историски 9,58, додека светскиот рекорд на 200 метри го постави со време 19,19.

 

- Оглас -

Најнови вести