Навивачите на Интер беа поделени околу тоа дали Мауро Икарди треба да остане или да си замине, на крај се најде соломонско решение и Аргентинецот беше позајмен во ПСЖ, но ако „нераѕурите“ вечерва не го победат Милан во градското дерби, фановите ќе жалат по екс капитенот.
Икарди постигна пет гола на последните четири дуели кои ги одигра против Милан. Му лежеа „росонерите“, па затоа навивачите на Милан веројатно се среќни што ќе го нема во составот на Антонио Конте.
Сега новата закана за Милан се вика Ромелу Лукаку, кој дојде од Манчестер јунајтед, и немале дуели со него, па неизвесно е што може да се очекува од него и дали ќе има некакво тактичко изненадување.