Арсенал – Астон Вила (Фудбал, англиска Премиерлига 17.30 часот)
Дојде време Арсенал да победи и да ја прекине серијата од три кола без триумф. Гостите од Бирмингем им се идеална прилика за „топчиите“ да им помогнат на навивачите да заборават на маките. Арсенал на свој терен знае да биде агресивен и опасен, па веруваме дека рано ќе го отвори резултатот. На последните три гостувања (две лигашки и едно од ФА купот) кај Арсенал, Астон Вила не даде ниту еден, а прими дури 13 гола.
Предлог тип (квота на ден на Sport Life): 1 & 0-29 мин. (2.60)
Партизан – Црвена ѕвезда (Фудбал, српска Суперлига 18.00 часот)
Двата белградски ривали се заморени, пред неколку дена имаа обврски во европските купови, но тоа не е причина да нема голови, иако тоа се тимови со најмалку примени голови во лигата и не знаат за пораз сезонава. Секој од претходните пет лигашки дуели на Партизан и Ѕвезда беше со голови на двете страни. „Црно-белите“ на својот стадион три години не го победиле соседот, но и Ѕвезда три и пол години не славела на теренот на ривалот.
Предлог тип (квота на ден на Sport Life): 1+I & 3+ (2.55)
Севилја – Реал Мадрид (Фудбал, шпанска Примера 21.00 часот)
За Реал деновиве многу се зборува околу можната смена на Зидан, веројатно тие шпекулации имаат негативно влијание врз тимот, но „кралскиот клуб“ ако го добие ова гостување, ќе избие на прво место на табелата. Севилја има само еден примен гол сезонава, и не знае за пораз. Реал на сите мечеви во лигата, и даваше и примаше гол. Реал е без Модриќ, но се враќа Рамос. Севилја има четири победи по ред на свој терен против Реал, а и сега ќе бидат инспирирани, бидејќи бркаат прво место, и ќе играат за радост на тренерот Лопетеги кој лани беше избркан од Мадрид.
Предлог тип (квота на ден на Sport Life): Т2 2+ & ГГ (2.40)
Челзи – Ливерпул (Фудбал, англиска Премиерлига, 17.30 часот)
Фановите на Челзи се израдуваа кога „сините“ дадоа пет гола на гостувањето кај Вулверхемптон, но отрезнувањето дојде против Валенсија во ЛШ. Ова значи дека европскиот првак доаѓа во незгоден момент за Челзи, но од друга страна, ако го победи големиот противник, за лондонскиот тим тоа ќе биде голем потстрек за понатаму. Ливерпул засега е перфектен во Премиерлигата, нареди пет победи сезонава, но и тие против Наполи покажаа слаби страни.
Предлог тип: Х (3.60)
Лион – ПСЖ (Фудбал, француска Лига 1, 21.00 часот)
Сите показатели се на страна на гостите и типуваме на нивна победа. Лион знае да биде опасен, ги доби последните два домашни меча против ПСЖ со по 2-1, но моментно не е во добра форма, нема победа од 16 август. Парижаните почнаа да редат триумфи и тоа без примен гол, полека се комплетираат, и тоа не е добро за противниците.
Предлог тип: 2 (1.90)