Кошаркарска федерација на Хрватска преговора за издавање на државјанство на Американецот Шејн Ларкин, кошаркарот на Анадолу Ефес. Коцкастите имаат намера да се засилат со услугите на европскиот вицепрак со цел да бидат што посилни за претстојните квалификации за Олимписките Игри кои во 2020 година ќе се одржат во Токио.
„Можам да кажам дека дефинитивно сум отворен за таа идеја. Олимписките Игри се сон на секој спортист. Секако дека преферирам да настапувам за САД, но бидејќи тоа е невозможно дефинитивно сум подготвен да играм за Хрватска. Допрва треба да се разрешат некои работи, треба да разговарам со одговорните луѓе и да видам што се очекува од мене“, истакна Ларкин за време на турнир кој се одржа во Задар.
Пред Ларкин Хрватска веќе користеше натурализирани кошаркари како Донтај Дрејпер и Оливер Лафајет. Иако не настапија на Мундобаскетот во Кина, поради положбата на ранг листата на ФИБА, Хрватска доби шанса да учествува во квалификациите на ОИ кои ќе започнат во јули 2020 година.