Иднината на Мауро Икарди се разреши дури во последниот ден од летниот преоден рок, кога го напушти Интер и замина на позајмица во ПСЖ. Светците имаат право по крајот на сезоната да го откупат Аргентинецот за 65 милиони евра, а тој вели дека мора да се потруди за да ги оправда средствата.
Воедно Икарди додаде дека францускиот првак има многу поголеми амбиции во однос на неговиот поранешен клуб, што е една од причините што прифатил да се пресели во Париз.
„Дојдов во Париз за да играм и да победувам. Дојдов на позајмица со опција да ме откупат, затоа мора да се потрудам за да ги уверам челниците на клубот да ме откупат по крајот на оваа сезона. Седум години бев во Интер и не освоив ништо. Сон ми беше со нив да играм во Лигата на шампионите, го сторив тоа минатата сезона, а сега е време да освојам трофеј или два. Затоа дојдов во ПСЖ, овој тим цели на титули и ништо друго“, истакна Икарди.
Аргентинецот досега запиша два настапи за Светците, еден во француското првенство и еден во Лигата на шампионите, а и натаму трага по првенецот.