Пол Погба и сезонава е едно од големите разочарувања во Манчестер јунајтед. Фудбалерот кој неделно добива 350.000 евра реши да си купи куче. Погба во својот дом донесе ротвајлер, и тоа за сума од 17.000 евра.
Се работи за добро тренирано куче чувар, а се верува дека Погба сака дополнително да го заштити својот дом, посебно од лутите навивачи на Манчестер јунајтед, кои се разочарани од играта на големата ѕвезда.
Интересно е што Погба не е единствениот играч на Манчестер кој во својот дом си купи ротвајлер. Претходно тоа го направија Фил Џонс и Маркус Рашфорд.