Масимилијано Алегри, поранешниот тренер на Јувентус, се споменува како најсериозен кандидат за нов тренер на Манчестер јунајтед. Англискиот гигант започна очајно сезонава и веднаш започнаа шпекулации дека може да се случи во брзо време отказ да добие менаџерот Оле Гунар Солскјер.
Манчестер го има најслабиот старт во историјата на Премиер лигата (од 1992 година до денес), а Солскјер едноставно не може да го најде вистинскиот тим за да влезе во серија победи. Алегри си замина од Јувентус како шампион и најави дека му е потребен мал одмор, но многу лесно може да се случи да биде активиран во Манчестер јунајтед. Италијанскиот стратег посетува и интензивен курс за англиски, што дополнително ги загреа шпекулациите за негово доаѓање на „Олд Трафорд“.
Освен Алегри, како замена за Солскјер се споменува и Лорен Блан, кој во периодот од 2001 до 2003 година беше во одбраната на Манчестер јунајтед. Блан е без работа уште од 2016 година, кога си замина од ПСЖ, иако со Светците освои три титули во низа во домашното првенство.