Кога Роналдо изведува слободен удар, топката нема да заврши во гол

Кристијано Роналдо има многу низок процент на постигнати голови од слободни удари, а упорен е во обидите, иако ретко погодува.

Каде и да игра, во Манчестер јунајтед, Реал Мадрид или Јувентус, Роналдо е човекот задолжен за изведување на слободите удари. Тој одвреме-навреме знае и да даде гол од слободен удар,, но тоа го прави многу ретко, со оглед на тоа колку многу шутира со жив ѕид пред себе. Сепак, тренерите му даваат слобода да шутира колку сака.

Роналдо во италијанското првенство има серија од 18 утнати обиди од слободни удари. Тоа е втора најдолга низа во историјата на Серија А. Подолга низа на изведени слободни удари без да даде гол имал само Камило Чано, кој играјќи за Фрозиноне, имал серија од 21 пропуштена шанса за гол од прекин.

Многумина се прашуваат зошто Роналдо не се откаже од изведувањето слободни удари од сите позиции и таа можност да им ја препушти на Пауло Дибала или Миралем Пјаниќ. Делумен одговор на оваа тема даде тренерот Маурицио Сари.

„Има моменти кога некој не е физички или психички подготвен да шутира и бараме најсоодветна опција. Инаку, слободните удари кои им одговараат на играчи кои шутираат со десна нога треба да ги изведат Роналдо и Пјаниќ, додека тие за левучарите Дибала или Бернардески“, се обиде да објасни Сари.

- Оглас -

Најнови вести