Дирк Новицки ќе добие улица во Далас

Дирк Новицки во текот на целата дведецениска НБА-кариера го носеше дресот на Далас. Синиот ангел, како што го викаа Новицки, во 2011 година го предводеше Далас до титула во најсилната лига во светот. Тоа е и единствена титула во клупската историја на Далас.

Новицки пред неколку месеци ја заврши кариерата во Далас, но од клубот и градот не го заборавија. Градскиот совет одлучи една улица која води кон арената да биде преименувана во Дирк Новицки. Германецот во кариерата имаше просек над 20 поени на меч, плус по седум скока во просек.

Новицки дури 14 пати беше избран за Олстар-натпреварот, а беше МВП на финалето во 2011 година.

 

- Оглас -

Најнови вести