Откриено зошто има тензии меѓу Мурињо и Погба

Андреас Переира, фудбалерот за врска на Манчестер јунајтед, проговори за тензиите меѓу Жозе Мурињо и Пол Погба кои ја нарушуваат хармонијата во соблекувалната, а сето тоа се одразува и на резултатите. Имено, до караница дошло по елиминацијата во Карабао купот од Дерби каунти, мечот во кој „црвените ѓаволи“ претрпеа пораз по изведување на пенали, а Погба тој меч го проследи од клупата.

Переира тврди дека Погба снимал видео и го објавил на социјалните мрежи во моменти кога Јунајтед имал предност од еден гол, а веднаш по средбата се тврдело дека Погба истата видео снимка ја објавил по завршувањето на самиот меч.

„Не е вистина дека Пол го објави видеото по завршувањето на натпреварот. Кога тој снимаше резултатот беше 1-0 за нас, и токму тогаш видеото беше објавено на „инстаграм“, јас знам бидејќи седев до него. Мурињо веруваше на лажните тврдења дека видеото е објавено по мечот, па така тензијата настана поради недоразбирање“, истакна Переира.

 

- Оглас -

Најнови вести