Барселона со 2:1 го победи Вилјареал и стигна до третата победа по ред во првенството, но и покрај тоа, каталонскиот гигант го има најлошиот старт во Примера дивисион во последните две децении. На свој терен, Барселона има три победи во три дуели, но на гости игра очајно и претрпе два порази, а еднаш одигра нерешено.
Следен предизвик за избраниците на тренерот Ернесто Валверде ќе биде гостувањето во Мадрид кај Хетафе. Барселона ќе биде без Лионел Меси, но се надева дека ќе стигне до трите бода, бидејќи против овој ривал има шест победи во последните седум меѓусебни дуели.
Неверојатно делува фактот дека Барселона цели пет месеци нема споено две победи по ред. Последен пат тоа се случи кога славеше против Ливерпул во полуфиналето од Лигата на шампиони,(3:0 на „Камп Ноу“). Потоа следуваше шокантниот пораз со 4:0 на „Енфилд Роуд“ и елиминацијата од Ливерпул во Лигата на шампиони. По тој неуспех, Барселона како да не може уште да се соземе, па не може да сврзе две победи по ред.
Утрешното гостување кај Хетафе е добра шанса Барселона на две средби по ред да се израдува на победа. Комплетната понуда за обложување на мечевите од шпанското првенство може да ја пронајдете на Sport Life.