На Светското првенство во атлетика кое се одржува во Доха се случи еден потег кој е вреден за златен медал. На трката на 5.000 метри, тркачот од Гвинеја-Бисао, Браима Сункар Дабо реши да му помогне на изнемоштениот ривал, Џонатан Басби.
Во текот на трката, на Басби му се слоши но реши да продолжи. Сепак, пред крајот на целта, атлетичарот буквално не можеше да стои на нозе, па тогаш на помош се најде Дабо. Го фати ривалот за рака и заедно продолжија да трчаат, а на крајот и да стигнат до целта.
Публиката со воодушевување и овации го поздрави овој спортски и човечки потег.
A great moment of sportsmanship between two athletes at the #WorldAthleticsChamps. pic.twitter.com/n0OPncOstF
— NBC Sports (@NBCSports) September 27, 2019