Фрејзер Прајс нема конкуренција – Најбрзата жена на светот победи на 100 метри со 10.71

Шели Ен Фрејзер Прајс е најбрзата дама на светот, а го потврди епитетот со убедлива победа во спринтот на 100 метри со резултат од 10 секунди и 71 стотинка.

За дамата од Јамајка ова е второ злато на Светските првенства, а повторно беше најбрза. Од стартот до финишот беше прва и заслужено се закити со злато.

Зад неа, како второпласирана заврши Британката Дина Ашер Смит со резултат 10.83, а бронзата ја освои Мери Жози Та Лу од Брегот на Слоновата Коска со време од 10.90.

Уште само Елејн Томпсон ја мина целта со резултат под 11 секунди во финалната трка, но доцнеше за три стотинки во битката за бронзениот медал.

- Оглас -

Најнови вести