По дебаклот од ПСЖ во првото коло, Реал Мадрид утре на домашен терен ќе го пречека тимот на Клуб Бриж во обидот да дојде до првите бодови во групната фаза од Лигата на шампионите. Во пресрет на тој натпревар, на прес-конференцијата друштво на Зинедин Зидан му правеше новата ѕвезда на Кралевите, Еден Азар, од кого уште се чека да блесне во белиот дрес и да докаже зошто 13-кратниот европски првак толку се трудеше да го доведе на „Сантијаго Бернабеу“.
„Не се работи за недостаток на самодоверба. Тренерот ми посочи дека мора да се трудам повеќе, јас го прифатив советот и ми останува да го докажам тоа на теренот. Знам дека можам многу повеќе да придонесам, нема да се правдам дека бев повреден или не бев целосно физички подготвен. Знам што се очекува од мене и тоа допрва ќе се види“, изјави Азар.
Меѓу другото, Белгиецот зборуваше околу врската со новите соиграчи од Бразил, Винисиус јуниор и Родриго. Азар верува дека може да создаде конекција со нив каква што имаше со Вилијан додека ги бранеше боите на Челзи.
„Со Вилијан бевме заедно шест или седум години во Челзи. Се чувствував одлично на теренот кога играв покрај него. Добро се разбиравме и си помагавме еден на друг. Знам дека можам тоа да го имам и со Бразилците кои се тука, бидејќи и јас по малку се чувствувам како да сум од Бразил поради мојата техника. Лесно можам да се разберам со нив на теренот“, додаде Азар.
Натпреварот Реал Мадрид – Клуб Бриж е закажан за утре во 21 часот, Кралевите се апсолутни фаворити и се очекува да остварат сигурен триумф знаејќи дека коефициентот за „кец“ во Sport Life oбложувалници е само 1.32.