Шведскиот фудбалер со македонско потекло и екс наш кадетски репрезентативец, Дејан Кулушевски, е најзаслужен на победата на Парма на дуелот со Торино од 3-2 во последниот меч од шестото коло во италијанската Серија А.
Кулушевски со голот кој го постигна во втората минута, стана најмладиот и најбрзиот стрелец сезонава во Италија. Голот падна после 79 секунди игра. Тој има 19 години и пет месеци, а во Топ 5 лигите во Европа, нема ниту еден друг играч на негова возраст со директен придонес во четири гола. Кулушевски има еден гол и три асистенции.
Во првото полувреме, Кулушевски даде гол, па над него беше направен пенал кој Жервињо не го реализираше, а му асистираше на Корнелиус за 2-2. Победничкиот гол за Парма беше дело на Роберто Инглезе во 88-ма минута.
После овој меч, Парма се изедначи со Торино со по 9 бода (двата тима имаат по три победи и порази), и се на осмо односно деветто место на табелата.