ВАР ги спаси судиите, Арсенал освои бод на „Олд Трафорд“

Манчестер јунајтед и Арсенал одиграа 1-1 во дербито на Премиер лигата. Во 58-мата минута, Арсенал даде гол за 1-1, а помошниот судија сигнализираше офсајд, иако на повторената снимка се виде дека е огромен превид и позицијата на стрелецот Пјер-Емерик Обамејанг е дозволена. Ако не беше ВАР-технологијата, гостите од Лондон ќе беа оштетени, а вака мораа да се бранат во финишот за да ги задржат овие 1-1 и да си го заслужат бодот.

За стрелецот на водечкиот гол за домашните, Скот Мектоминеј, ова е прв гол на „Олд Трафорд“, а на тој терен играл 25 пати. Мектоминеј е првиот Шкотланѓанец по седум години кој дал гол за Манчестер на домашен терен. Со неговиот гол се најави исходот бидејќи Арсенал цели 42 години нема гостинска победа над Манчестер кога примал гол.

Победа за Јунајтед ќе значеше дека шест тима имаат по 11 бода, но тоа не се случи. Со ова реми, Арсенал изби на четврто место, а Црвените ѓаволи се само десетти.

Пол Погба стана петти Французин со 100 премиерлигашки меча за тимот од Манчестер, им се придружи на Евра, Силвестре, Кантона и Марсијал.

Последната победа на Арсенал на „Олд Трафорд“ беше пред 13 години. За Обамејанг ова е седми гол на седмиот настап сезонава во Премиер лигата.

Ова е голот на гостите:

https://twitter.com/i/status/1178766820024766471

- Оглас -

Најнови вести