Дуелот Тотенхем – Баерн Минхен го доби епитетот на дерби во првиот ден од второто коло во Лигата на шампионите и засега двете екипи го оправдуваат тоа. Има доста возбудувања во Лондон, особено добар беше стартот на средбата.
Тотенхем по 12 минути поведе преку Сон, а потоа имаше брз одговор на германскиот првак, па преку Кимих во 15-тата минута ја анулираа предноста на Петлите. Во меѓувреме, по неколку фантастични одбрани имаа Љорис и Нојер, тие беа највиновни што до судиското надополнување се постигнаа само два гола, пред Левандовски да го сврти резултатот во корист на тимот на Нико Ковач.
https://twitter.com/DONSPORTS2/status/1179120796607942658
Јувентус со погодокот на Игуаин во 17-тата минута води против Баер Леверкузен, додека погодок се постигна уште само во Белград, каде што Олимпијакос има минимална предност против Црвена ѕвезда во „братското дерби“.
Мрежите мируваат на натпреварите Галатасарај – ПСЖ, Локомотив Москва – Атлетико Мадрид и Манчестер сити – Динамо Загреб.
https://twitter.com/DONSPORTS2/status/1179113497843699712
https://www.dailymotion.com/video/x7m0tw0