Монументалниот Ривер станува ноќна мора за Бока (Видео)

Ривер плејт со предност од 2-0 ќе оди на реваншот кај градскиот ривал Бока јуниорс во полуфиналето на Копа Либертадорес. Актуелниот првак во ова натпреварување лани ја победи Бока во контроверзното финале чиј реванш мораше да се игра во Мадрид, а и сега е на пат да го поразат лутиот градски ривал и да дојде до ново финале.

Боре од пенал и Игнасио Фернандес беа стрелци на головите. Ривер на својот стадион „Монументал“, цели 12 години немаше победа од два гола разлика против Бока. Тимот на тренерот Галјардо има серија од 14 меча без пораз во Копа Либертадорес, што е за три средби помалку од рекордот. Ривер никогаш не бил елиминиран ако првиот дуел го добил со два или повеќе голови разлика.

- Оглас -

Најнови вести