Во пресрет на вечерашната борба за светската титула во супер-лесна категорија за жени, актуелната шампионка Ева Бродничка изненади со својата провокација за време на мерењето. Во моментот кога Бродничка застана спроти боксерката која ја предизвика за титулата, Едит Соледад Матис, ја бакна во уста и со насмевка се обиде да се тргне за да ја испровоцира противничката.
Аргентинската боксерка не остана рамнодушна и одговори со шлаканица, но и Полјакињата возврати, по што обезбедувањето мораше да реагира. Атмосферата сега дефинитивно е и повеќе од загреана, па се очекува оваа провокација да придонесе со вистински бокс спектакл.