Американката Далила Мухамад победи во финалето на 400 метри со пречки на Светското првенство во Доха, и истрча време со кое постави нов светски рекорд.
Мухамад која пред два месеци го собори светскиот рекорд, вечерва повторно се надмина себеси, а и сите кои трчале во оваа дисциплина претходно, па финалето го истрча за 52,16 секунди. Второто место го освои нејзината сонародничка Сидни Меклафлин, која заостана само 7 стотинки, и тоа време од 51,23 е само три стотинки послабо од резултатот кој до вечерва важеше како светски рекорд.
Бронзата ја освои Рашел Клејтон од Јамајка, а и таа истрча свој личен рекорд од 53,74.