Почина Срѓана Иванишевиќ, 53-годишната сестра на некогашниот славен хрватски тенисер Горан Иванишевиќ, кој сега работи како тренер на Србинот Новак Ѓоковиќ.
Срѓана три децении години се борела со леукемија, а синоќа таа борба била загубена, и сестрата на Горан почина во една загрепска болница.
Ѓоковиќ утре наутро игра на турнирот во Токио против Давид Гофан, па треба да се види како овој смртен случај на личноста која беше многу блиска со неговиот тренер, ќе влијае и врз него.