Сандро Рамирес имаше голема утка од белата точка во 36. минута и се посрамоти, а Валјадолид и Атлетико за првпат по 11 години ремизираа без голови во меч од шпанската Ла Лига.
Рамирес ја упати топката најмалку еден метар над пречката, а Валјадолид пропушти голема шанса да поведе во 36 минута. Атлетико имаше шанса да казни, но Анхел Кореа го погоди дирекот во 82. минута.
Претходно и Мората промаши две убави шанси за гол, па гостите не успеаја да победат, но можат да бидат среќни и што си заминуваат од „Зорилја“ без пораз.