Актуелниот италијански првак Јувентус со победата на гостувањето кај Интер од 2-1, потврди дека е најдобар тим на Апенинскиот Полуостров. Со головите на Аргентинците Дибала и Игуаин, Старата дама го порази директниот ривал за титулата и се искачи на првото место на табелата, а иако не даде гол, Кристијано Роналдо беше расположен.
Дека во Јуве владее позитивна атмосфера, покажува и снимката од микс-зоната на стадионот во Милано, каде што додека Дибала им даваше изјава на новинарите, Португалецот му пријде од позади, го прегрна и го бакна. Нешто слично стори и Лео Бонучи.
Погледнете колку синоќа Дибала беше популарен кај своите клупски колеги:
https://twitter.com/i/status/1180968079909687296