Фудбалските репрезентации на Чешка и Англија в петок во Прага ќе одиграат меч од квалификациите за ЕП 2020, а англиската полиција испрати предупредување до домаќините и до УЕФА дека преземаат голем ризик со тоа што дуелот го закажале за петок навечер.
Англиските фанови на кои традиција им е да претераат со пиењето во петоците, би можеле да се опијанат и да прават проблеми. Англиската полиција предложила да не се игра во Прага или да се игра во друг ден бидејќи се плашат од можни инциденти, а Чесите ќе треба добро да се потрудат да ја држат ситуацијата под контрола.
Се очекува околу 6.000 Англичани да отпатуваат во главниот град на Чешка. Англија лани гостуваше во петок вечер во Амстердам и беа уапсени стотина навивачи откако премногу се релаксираа. Проблемот е што тоа го гледаат и помладите, кои не се толку проблематични, но под влијание на масата и алкохолот добиваат сила, па и тие се впуштаат во правење инциденти.