Хрватски автомобилист излета во кривина со 150 км/ч. (Видео)

Хрватскиот автомобилист Роберт Антуновиќ имаше многу среќа што не мина со потешки повреди или, не дај боже, со смртни последици по инцидентот на едно рели во близината на Дуборвник, кога излета од патеката при брзина од 150 километри на час.

Антуновиќ се залета и ја загуби контролата врз возилото, не можеше да ја фати кривината и излета од патот превртувајќи се. Публиката се држеше за глава, се исплаши дека возачот настрадал, но за среќа, тој само ја наби ногата.

Ова беше меморијално меѓународно натпреварување на брдски патеки и собра доста публика која беше во непосредна близина на местото каде што Антуновиќ излета.

„Пребрзо влегов во завојот, со околу 150 на час, моја грешка е. Потоа слушав кршење на стакло и гледав шума, земја, камења. Налетав на карпа која ми ја проби каросеријата и поради тоа малку ја набив левата нога. Лекарите ме прегледаа двапати, тоа ми е единствена повреда, а автомобилот е уништен. Им благодарам на луѓето кои дотрчаа да ми помогнат, мислам дека ба 40-тина“, вели среќниот Роберт.

 

- Оглас -

Најнови вести