Селекторот на машката сениорска репрезентација Данило Брестовац го објави списокот на повикани ракометари за претстојниот собир и настап на машката сениорска репрезентација за пријателските натпревари во рамки на ЕХФ неделата.
ЕХФ неделата ќе се одржи од 21 до 27 октомври, во рамките на подготвителниот период за настап на Европското првенство 2020 во Австрија, Шведска и Норвешка. Нашата репрезентација ќе одигра дуели со Турција и Грузија.
Брестовац повика 23-ца ракометари, меѓу кои и капитенот Кирил Лазаров како предводник. Ова е целата листа на играчи кои се во кобминација за настап: МАРТИН ТОМОВСКИ, МАРКО КИЗИЌ, ДИМИТАР ДИМИТРИОСКИ, БОЈАН МАЏОВСКИ, НЕНАД КОСТЕСКИ, МАРТИН ПОПОВСКИ, ДАРКО ДИМИТРИЕВСКИ, ДЕЈАН КУКУЛОВСКИ, МИХАЈЛО МЛАДЕНОВИЌ, МАРИО ТАНКОСКИ, ГОРАН КРСТЕВСКИ, МАРКО МИШЕВСКИ, ТОМИСЛАВ ЈАГУРИНОВСКИ, МАРТИН СЕРАФИМОВ, ЖАРКО ПЕШЕВСКИ, ФИЛИП АРСЕНОВСКИ, МИЛАН ЛАЗАРЕВСКИ, БОРКО РИСТОВСКИ, ДЕЈАН МАНАСКОВ, ФИЛИП ТАЛЕСКИ, ФИЛИП КУЗМАНОВСКИ, КИРИЛ ЛАЗАРОВ, НИКОЛА МАРКОСКИ.