Чех го менува спортот, а в недела ќе дебитира за новиот клуб

Еден од најдобрите голмани во изминативе две децении, Петр Чех, повторно ќе застане да ја брани мрежата, но овојпат тоа нема да биде фудбалската, туку хокеарската.

Чех, кој минатата сезона ја заврши фудбалската кариера, сега реши повторно спортски да се активира, и тоа во хокејот. Легендарниот Петр ќе го облече дресот на екипата на Гилдфорд феникс откако потпиша договор за до крајот на сезоната во англиското првенство.

Потписот на Чех не е случаен ако се знае дека тој веќе некое време тренираше со вториот тим на овој клуб.

„Ова е игра која многу сакав да ја гледам како дете. Се надевам дека ќе успеам да му помогнам на овој млад клуб да победи во што е можно повеќе мечеви. По 20 години искуство во фудбалот, ова е сосема нов предизвик за мене“, рече Чех, кој се очекува в недела да го има дебито во својот нов клуб и да види како ќе се снајде во новиот спорт.

 

 

- Оглас -

Најнови вести