Арсенал во текот на летниот преоден рок чекаше до последен момент за да го одврзе ќесето и да се потроши за нови засилувања. Вкупната сума за трансфери достигна до 170 милиони евра, доведени се Пепе, Тирни, Давид Луис, Мартинели, Дани Себалјос (позајмица), како и младиот Салиба кој остана во Сент Етјен на појамица оваа сезона.
Поради тие вложувања, се сменија и условите за она што значи успех за раковдството. Јасно е дека од Топчиите се очекува враќање во европската елита, односно да обезбедат пласман во Лигата на шампионите. Тоа се очекувањата бидејќи Арсенал веќе три години не е дел од кремот на Стариот Континент. Во случај да не се оствари поставената цел, клубот многу веројатно ќе ја прекине соработката со Унај Емери.
Иако е само воведен дел од сезоната, на клубот од Северен Лондон добро му оди засега. Арсенал е на третото место на табелата во Премиер лигата по осум кола, заостанува еден бод зад шампионот Манчестер сити, додека има еден бод предност пред Лестер и Челзи, а за разлика од ланската сезона во овој период претрпеа само еден пораз. Навивачи може да бидат задоволни со оглед на формата на ривалите, но шпанскиот стратег допрва го чека напорна работа за да се одржи ова ниво, во спротивно ќе заврши неговата авантура на „Емирати“ по само две сезони.