Озил дефинитивно го напушта Арсенал, куќата во Лондон ја стави на продажба

Најплатениот фудбалер на Арсенал Месут Озил, наводно ја ставил својата куќа во Лондон на продажба со цена од околу осум милиони фунти. Овој потег на Германецот уште повеќе ги вжешти шпекулациите дека во јануарскиот преоден рок ќе заигра за друг клуб, а веќе е познато дека интерес покажува Фенербахче.

Менаџерот на Арсенал Унај Емери во изминатиов период не го користи Озил, не му дава да биде ниту на клупата на резерви, иако заработува 350.000 фунти неделно. Според него, ќе игра оној кој заслужува, а Озил не се трудел доволно и затоа не добива шанса за настап. Наместо да чека милост, ексиграчот на Реал Мадрид полека се подготвува да го напушти Островот и ќе се обиде да ја оживее кариерата во земјата од каде што потекнува.

Фенербахче и во текот на летото се обидуваше да го доведе Озил на позајмица, а по сите изгледи турскиот гигант сега конечно ќе си ја оствари желбата да го ангажира поранешниот светски првак.

- Оглас -

Најнови вести