Роналдо вечерва треба да даде два гола за да постави еден редок рекорд

Еден од најдобрите фудбалери во историјата, Кристијано Роналдо е на чекор до постигнување на уште еден рекорд. Роналдо вечерва како капитен ќе ја предводи Португалија во дуел против Луксембург, во квалификациите за пласман на ЕП 2020.

Напаѓачот на Јувентус треба да даде уште два гола, за да стигне до бројката од 700 погодоци во кариерата. Тоа може да се случи вечерва ако Роналдо постигне два погодоци против Луксембург. Досега само петмина фудбалери во историјата на фудбалот се запишани дека ја поминале границата од 700 погодоци. Досега тоа им успеало само на Јозеф Бикан, Ромарио, Пеле, Ференц Пушкаш и Герд Милер.

Бикан кој има играно во периодот од 1931 до 1955 година има постигнато 805 погодоци во 530 меча. Бразилските легенди Ромарио и Пеле се застанати на бројките од 772 и 767 погодоци. Пушкаш ја завршил кариерата со 746 голови. Германецот Милер во 19-годишната кариера даде 735 голови.

Од играчите кои уште се активни, Роналдо има 698 погодоци, а Лионел Меси е со 672 голови во кариерата.

 

- Оглас -

Најнови вести