Пол Погба речиси сигурно нема да игра за Манчестер јунајтед на големото дерби против Ливерпул, закажано за 20. октомври на „Олд Трафорд“.
Францускиот репрезентативец е на рехабилитација во Дубаи, по повредата на стапалото на десната нога, а медиумите во Англија објавија дека можно е тој да не игра до крајот на овој месец, што значи дека би ги пропуштил и мечевите со Партизан во Европа Лигата и со Норич и Челзи во Премиерлигата.
Манчестер јунајтед има многу проблеми, игра слабо и е на 13. место на табелата во Англија, а пораз против лидерот Ливерпул, кој е во топ-форма би значел дополнително тонење на табелата.
Без Погба шансите на „црвените ѓаволи“ за триумф против големиот ривал се намалуваат, иако Пол е незадоволен во Манчестер и сака да си замине.