Очобол се новите дресови на Италија – Навивачите се бесни: Не си играјте со земјата на модата (Фото)

Навивачите на Италија, но и медиумите се бесни на новиот дизајн на дресовите на популарните „аѕури“, кои ќе ги промовираат вечерва на мечот со Грција.

Некаква зелена варијанта на дресовите што Пума ги изработи во како што се објаснува стил на Ренесансата и во знак на почит кон стотици репрезентативци на 4-кратниот светски првак предизвика контраефект, па дури и бесни реакции.

„Тутуспорт“ објави фотографии од новиот дрес со наслов „Зелен дрес, какво сквернавење“. И навивачите на италијанската репрезентација кои очекуваат победа против Грција на „Олимпико“ со коментари ги запалија социјалните мрежи.

„Не си играјте со оган во земјата на модата. Јадно и жално е како изгледа новуот дрес“, или „Ова е очобол. Не можам да ги гледам дресовите, ме фаќа срам“, се само дел од коментарите.

На Италија и е најважно од 20.45 часот да ја победи Грција и да дојде на чекор до настап на Европското првенство што ќе се игра следната година.

- Оглас -

Најнови вести