Моделот и актерка Бруна Маркезине потврди дека фудбалерот Нејмар ѝ раскинал, и не сакаше да ги открие причините, но тврди дека проблемот не е политички. Се појавија шпекулации дека Нејмар и Бруна се скарале на политичка основа, бидејќи не се на иста страна пред претстојните претседателски избори во нивната земја.
„Ова беше негова одлука, но кажана со љубов и почит. Сакам само јасно да кажам дека причината не се претседателските избори“ – рече 23-годишната Бруна, која му беше девојка на Нејмар од 2012 година.
Пред две недели, тие двајца беа видени заедно во париски Дизниленд, па затоа и раскинувањето е изненадување. Како ќе се одрази ова врз фудбалерот на зелениот терен, останува да се види во наредниот период.