Арон Рамзи отпадна од комбинација за дуелот меѓу Велс и Хрватска кој е закажан за вечерва од 20:45 часот. Во дуелот од осмото квалификациско коло за ЕП 2020, селекторот Рајан Гигс нема да смета на услугите на играчот на Јувентус бидејќи не ги помина физичките тестови во пресрет на средбата.
Рамзи во овој циклус беше повикан за првпат по 11 месеци, претходно бројните повреди му оневозможија да ѝ помогне на својата селекција во освојувањето бодови со кои би се пласирале на континенталниот собир. Пред неколку дена отсуствуваше од гостувањето кај Словачка со цел да се подготви за вечерашниот од дуел, но сега дефинитивно нема да игра.
Велс по седум меча е на четвртото место во групата Е со седум бода, додека Хрватска со 13 бода ја предводи групата.