Интер и Милан се подготвени да влезат „во војна“ за потписот на Месут Озил. Креативецот на Арсенал дефинитвно отпадна од плановите на Унај Емери и во јануарскиот преоден рок ќе бара нова средина. Како прва опција се споменуваше Фенербахче и шестмесечна позајмица, а сега во комбинацијата се и миланските клубови.
Интер наводно има предност пред другите поради нивниот одличен старт на новата сезона под команда на Антонио Конте, наметнувајќи се како конкуренти за титулата во Серија А иако го загубија италијанското дерби против Јувентус. На Милан му е потребен играч од калибарот на Озил, иако Германецот е далеку од претпознатливата форма од пред неколку сезони. Во редовите на Росонерите би добил многу поголема слобода и може да биде клучен во реконструкцијата под палката на Стефано Пиоли.
Засега е рано да се споменуваат конкретни понуди, но познато е дека екипите од Милано ќе понудат позајмици со опција за откуп по крајот на оваа сезона, а ќе победи подобрата понуда.